Агенцијата Division објави оглас за пополнување на следните работни места:
- Media buying specialist
- Опис на работно место:
-Учество во изработка на стратегии и буџети за реализација на дигитални кампањи (Facebook, Instagram, Google Ads, LinkedIn, веб портали)
-Изработка и следење на неделни/месечни планови за digital media buying
-Поставување на испланирани кампањи со соодветни буџети преку алатките за соодветниот канал на рекламирање
-Следење на перформансите и оптимизација на резултатите од кампањите
-Подготовка на детален извештај по завршување на соодветна дигитална кампања
-Учество во подготовка на медиа планови за останати offline медиуми
- Потребни вештини:
-Одлично познавање и техничка способност за работа со Facebook Ads менаџерот, како и на Google Ads менаџерот
-Аналитички вештини и одлично познавање на Microsoft Excel
-Комуникациски вештини
-Организациски вештини и раководење со време
-Одговорна и исполнителна личност
-Тимски играч
-Претходно работно искуство на оваа работна позиција ќе се смета за предност
- Digital Specialist
- Опис на работно место:
-Учество во изработка на годишни стратегии и поединечни кампањи за дигитални медиуми за потребите на клиентот
-Изработка на креативна содржина за комуникација и интеракција со следбениците на социјалните медиуми на клиентот и подготовка на комуникациски планови
-Изработка на месечни и периодинични извештаи за перформансите на содржината на социјалните медиуми на клиентот
-Учество во изработка на стратегии и буџети за реализација на дигитални кампањи (Facebook, Instagram, Google Ads, LinkedIn, веб портали)
-Следење и проверка на неделни/месечни планови за digital media buying
-Следење на перформансите и оптимизација на резултатите од кампањите
-Анализа на извештај по завршување на соодветна дигитална кампања
- Потребни вештини:
-Одлично познавање на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, LinkedIn и Google
-Одлично познавање и техничка способност за работа со Facebook Ads менаџерот, како и на Google Ads менаџерот
-Аналитички вештини
-Одлично познавање на Microsoft Office пакет
-Комуникациски вештини
-Организациски вештини и раководење со време
-Одговорна и исполнителна личност
-Тимски играч
-Потребно е претходно работно искуство на оваа работна позиција
- Community Manager
- Опис на работно место:
-Редовно следење и проверка на пристигнати пораки, коментари, реакции, жалби/пофалби на социјалните медиуми (Фејсбук и Инстаграм) на клиентите
-Редовно одржување на комуникација со следбеници на социјалните медиуми на клиентите и одговарање на нивните прашања и коментари
-Одржување на нивото на интерес и интеракција со следбеници на социјалните медиуми на клиентите, со разработка на предлози за различен тип на активации
-Менаџирање на содржини добиени од страна на следбеници на социјалните медиуми и следење на тагови на соодветните профили на клиентот
-Консултација и координација со акаунт менаџери во поглед на пристигнати прашања и барања од потрошувачи преку социјалните медиуми
-Изнаоѓање и предлагање начини за унапредување на комуникација со followers на социјалните медиуми
-Комуникација со овластени преведувачи за потребите на социјални медиуми водени на различен јазик од македонскиот јазик
- Потребни вештини:
-Солидно познавање на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм
-Комуникациски вештини
-Организациски вештини и раководење со време
-Основни познавања на Word press
-Одговорна и исполнителна личност
-Тимски играч
-Претходно работно искуство на оваа или слична работна позиција ќе се смета за предност
- Рок за аплицирање: 21.12.2020г
Сите заинтересирани кандидати може да испратат свое CV на mail@division.mk