Технолшкиот гигант Meta, претходно познат како Фејсбук, им доделува повеќе контрола на огласувачите за тоа во каков контекст се појавуваат нивните реклами во News Feed-от на Фејсбук.
Новите алатки за контрола ќе може да се најдат во секцијата “Ads Preferences”, при што огласувачите ќе можат да спречат нивните реклами да се појавуваат во контекст на три тематски категории – „вести и политика“, „дебатирани социјални прашања“ и „криминал и трагедии“.
Раното тестирање на новите алатки покажало голем успех, така што брендовите можеле да избегнат поврзување со политика во 94% од случаите, со дебатирани социјални прашања во 95% од случаите и со црна хроника во дури 99% од случаиите.
Од компанијата очекуваат дека новите алатки за контрола ќе можат да се користат од следната 2022 година, со континуирано ажурирање и подобрување во текот на првиот квартал на годината.
Според првичните реакции, новите алатки на Фејсбук наидуваат на одобрување од страна на огласувачките агенции.