Кратките дигитални видео реклами кои се емитуваат пред да отпочне самото видео во следните 6 месеци се најавува дека ќе се здобијат со големо внимание, како и значајни инвестиции во согласност со најновото истражување спроведено од страна на Trusted Media Brands (TMB) во арил, 2017.
Во истражувањето откриено е дека 58% од агенциите во САД, како и од маркетинг професионалците од областа на дигиталното и мобилното рекламирање на кои им било претставено ваквото рекламирање, се изјаснале дека дефинитивно ќе го испробаат овој формат во рамките на својата работа.
Другите формати како емитување во живо и долги видеа, исто така се најавува дека ќе привлечат инвестиции но, не и толку високи како оние поврзани со новиот формат за рекламирање кога станува збор за рекламирање во рамките на дигитални видео формати.
Повеќе од ¼ (28%) од респондентите во истражувањето рекле дека дефинитивно ќе вложат во ваквиот тип на рекламирање во период од следните 6 месеци, но друга ¼ од испитаниците (27%) се изјаснале дека нема да вложат во ваков тип на рекламирање. Многумина од испитаниците вклучени во ова истражување се изјаснале дека чувствуваат одредена несигурност кога станува збор за форматите за емитување во живо, а 45% рекле дека можеби би инвестирале во ваков формат. Но, овој простор за рекламирање значително расте со вклучување на големи имиња како DirecTV, YouTube а во скоро време и Hulu кои инвестираат во емитување во живо.
Интересно е да се напомене дека во истражувањето, 28% од респондентите се изјаснале дека дефинитивно ќе инвестираат во кориснички-генерирани формати во следните 6 месеци. Во последните неколку месеци кружеа контроверзии околу рекламите кои се појавуваа на Facebook и YouTube веднаш до несоодветна содржина, од која дел беше кориснички-генерирана содржина.
Но, 45% од огласувачите сеуште ја разгледуваат можноста за инвестирање во ваков тип на формат. Во согласност со сегашните услови кои се однесуваат на кориснички-генерираната содржина можеби и нема да изберат да вложуваат во вакви реклами.
Што го прави овој формат толку популарен?
“Нашата метрика покажува дека видеата се гледани, но многу импресии се гледаат за помалку од 3 секунди’’ –изјави Frank Amorese, медиумски директор во Heineken USA. “ Огласувачите е потребно да ја стават во фокусот нивната порака на Facebook и да се осигураат дека првата видео рамка која ќе ја прикажат ќе го задржи вниманието на корисниците. Доколку не го задржи тогаш вашата реклама ќе помине незабележано.
Во моментот се придвижуваме кон стадиумот за раскажување на приказна на Facebook која не трае повеќе од 6 секунди.”