Регулаторното тело за огласување на Нигерија донесе одлука со која се забранува ангажирањето на странски модели и наратори во огласувачки цели.
„Сите реклами, огласувачки и маркетиншки комуникациски материјали ќе користат само Нигериски модели и гласовни артисти“ – стои во соопштението на Огласувачкиот регулаторен совет на Нигерија.
Нигериската влада го наведува промовирањето на домашните таленти и поттикнувањето на инклузивен економски раст како главни мотиватори за новото правило. Тоа е драматичен потег за нацијата, каде што британските модели и гласовни артисти сочинуваат добар дел од рекламите кои се емитуваат во нигерискиот етер.
Новото правило ќе стапи на сила од 1 октомври, при што властите ќе направат исклучок за постоечките реклами кои можат да продолжат да се емитуваат до крајот на нивните кампањи.