Еден од најголемите фестивали на креативност во Европа – Меѓународниот фестивал за маркетинг и огласување White Square – го објави повикот за рани пријави. Секоја година, на фестивалот учествуваат претставници од повеќе од 30 земји, а пристигнуваат повеќе од 1000 апликации. Фестивалот White Square 2021 година ќе се одржи од 9-11 јуни.
Традиционално, White Square 2021 вклучува натпреварувачки дел за проекти спроведени во секторот за комуникации, како и бизнис форум во секторот за маркетинг и рекламирање.
Натпреварувачката програма на фестивалот се состои од седум категории: Креативност, Брендирање, Маркетинг, Ефективност на маркетингот, Дигитални, Медиуми, а во посебна категорија се сместени Извонредност во филм и радио, печатено и надворешно рекламирање.
Можете да аплицирате онлајн на веб-страницата на фестивалот. Најраната фаза на повикот за пријавување трае од 1 декември до 15 јануари и нуди најпогодни услови за сите учесници.
Жирито на фестивалот ќе вклучува креативни и уметнички директори, врвни менаџери на водечки меѓународни агенции кои се на врвот на листата на креативност на нивните пазари. Членовите на жирито доаѓаат од над 30 земји и се признати ширум светот во рекламниот сектор, имаат освоено бројни награди на престижни фестивали, вклучувајќи ги и Cannes Lions и имаат долгогодишно искуство на жирирање на извонредни креативни фестивали ширум светот.
Пријавите ќе бидат оценувани од шест различни категории жири: жири за креативност, брендирање, маркетинг, дигитални, медиуми, како и меѓународно жири сосатавено од претставници на медиуми. Главната награда на фестивалот – Гран-при – ќе се додели врз основа на проценките на тимот на Гранд жирито, кое е составено од претседателите на жиријата по категории.
“Време е!“ Со овој слоган организаторите на фестивалот White Square оваа година се обратија на креативната заедница во светот. Време е да генерираме големи идеи, да креираме иновативни проекти во комуникацискиот сектор, да постигнеме ефикасни деловни резултати, да бараме и да најдеме инспирација и да размениме професионални искуства. За да победите, мора да делувате, токму тука и сега. Подгответе ги натпреварувачките пријави и испратете ги директно на adfest.by!
Сите новости за фестивалот можете да ги најдете на официјалната веб-страница adfest.by и на каналите на социјалните медиуми.