Mark Ritson, долгогодишен колумнист на Marketing Week, мисли дека огласувачите кои своите средства ги наменуваат само на социјалните мрежи, се многу малку упатени во маркетинг
На медискиот форум на Австралискиот сојуз на национални огласувачи (AANA), британскиот професор по маркетинг Mark Ritson, од бизнис школата во Мелбурн и долгогодишен колумнист на британскиот магазин Marketing Week, го сподели своето мислење за отфрлувањето на традиционалните медиуми во огласувањето. Огласувачите сакаат секогаш да бидат во чекор со времето и трендовите на огласување и затоа често доаѓаат до тоа што за своите огласувачки кампањи користат само социјални мрежи.
Како што вели Ritson, социјалните мрежи Twitter, Facebook и Instagram се особено преценети меѓу огласувачите кои поради тоа ги одбиваат традиционалните медиуми. Помеѓу останатото, во своето предавање ги наведе истражувањата која укажуваат на тоа дека 63% од луѓето им веруваат на огласните содржини на телевизијата, а 60% од луѓето им веруваат на огласите во печатените медиуми. Само 46% од луѓето им веруваат на огласите на социјалните мрежи. И тој самиот мисли дека огласувачите кои своите средства ги наменуваат само на социјалните мрежи, се многу малку упатени во маркетинг.
„За нашата култура е карактеристично тоа што огласувачите се воздржани спрема деталните истражувања за социјалните мрежи и при тоа само тврдат дека дигиталното огласување е иднината. И покрај тоа што дигиталните агенции и агенциите за социјални мрежи добро си ја работаат свјата работа, огласувачите би морале да држат своја критична дистанца. Притисоците на маркетинг трендовите се толку силни што огласувачите тешко се одлучуваат за телевизиско огласување или огласување во весниците. Речиси половина од огласувањето во австралиските медиуми оди преку социјалните мрежи или преку дигиталните алатки“ вели Mark Ritson.
Според неговите зборови дури 85% од сите видео содржини сеуште се гледаат на телевизија. Исто така во последните 5 години се бележи и поголем досег на радиото. Кога тие податоци се пренесат на огласувачите, тогаш се истакнуваат само резултатите за досегот на социјалните мрежи. И тој самиот има голема наклонетост кон телевизијата и печатените медиуми. И покрај тоа што не се сложува со огласувачите кои своите средства сакаат да ги наменат само на дигитално огласување, Ritson смета дека заради трендот на дигиталното огласување тоа е можеби и разбирливо.
Тука можете да го погледате целосното предавање на Marka Ritson: