Во спотот, кој го направи агенцијата Grey New York, „совршените моменти“ се создадени на еден крајно компициран и интересен начин
Компанијата Canon и нивната агенција Grey New York претставија нов спот кој ги промовира професионалните фотоапарти на оваа компанија, а во него очигледно вистински се потрудиле да создадат совршени моменти за совршени фотографии.
Со хаотичната машина на Руб Голдберг, која крајно едноставните задачи ги извршува на крајно комплициран начин и со песната „City’s Alive“, овај спот претставува одлична, инспиративна и крајно шармантна ода на перспективата.
Спотот го покажува она што Canon го нарекува „Совршени моменти“, и мора да се признае дека се прилично совршени, но треба да се напомене дека целта на рекламата е да се промовира идејата дека за совршени моменти и совршени фотографии, потребни се соодветни врвни алатки.