Според најновото истражување на Fortune Knowledge Group и огласувачката агенција Gyro, компаниската култура не само што помага да ги привлечете најдобрите таленти во Вашата компанија, туку и значително помага и при одлуката на потенцијалните клиенти дали сакаат или не да работат со Вас!
Дури 60% од 500-те анкетирани испитаници кои се наоѓаат на раководни позиции изјавиле дека еден од најважните фактори во донесувањето на бизнис одлуките за избор на партнер за соработка е познавањето на мисијата на компанијата и она за што таа се залага. Покрај тоа, 68% од нив тврдат дека се спремни на краткорочни финансиски жртви како би изградиле долгорочни односи со бизнис партнерот.
“Сите знаеме дека најјаките компании во светот ги негуваат своите “изјави за мисија“ и имаат цврсто уверување и причини заради кои го стартувале бизнисот“, изјави во разговор за AdWeek, Christoph Becker, CEO и CCO во Gyro.
Becker додава и дека било која агенција, или компанија, која нема цврста идеја за сопствената мисија и причините поради кои постои, ќе има проблеми во градењето на односите со другите компании.
„Мора да знаете во што се разликувате од другите, и зошто го работите тоа што го работите“ вели Becker.
Проверете ги и другите интересни наоди од истражувањето: