Американскиот бренд на облека Old Navy ја претстави својата нова пролетна колекција, правејќи забавна паралела помеѓу светот на луѓето и кучињата.
Креативната кампања се врти околу „свадбата“ на две кучиња на која присуствуваат нивните човечки семејства и нивните пријатели – луѓе и кучиња. Притоа, „аутфитот“ на секој еден човек е проследен со соодветен изглед на нивната комплементарна кучешка половина.
Комбинациите на разните парчиња облека се опишани на прилично специфичен начин и тоа не по случајност, туку како резултат на истражување за популарни модни фрази кои се пребаруваат на интернет.
Необичната кампања е создадена со помош на креативната агенција The Martin Agency и продукциската компанија Group Thrpy.