Со цел да промовира нова палета на производи со долготрајна формула за свеж мирис, брендот за машка козметика Old Spice претстави краток филм кој ја демонстрира моќта и истрајноста на нивните дезодеранси и гелови во еден од најсмрдливите амбиенти на „седумте мориња“: пиратски брод.
Меѓу опојните мириси на риба, неизмиени стапала и расипани заби, еден пират е обвинет дека е натрапник поради неговиот необично свеж мирис и осуден да биде фрлен во морето. Како што истакнува самиот капитен: „Никој не може да мириса толку добро, толку долго!“
Сепак, во фантастичен сплет не околности, згодниот морнар е спасен од страна на голем морски коњ со помош на кој отпловува кон зајдисонцето.
Краткиот филм се карактеризира со високо-квалитетна холивудска продукција, под режисерската палка на Мартин Јалфен од продукциската куќа ROMA. Кампањата се реализира во соработка со шпанската креативна агенција Burns и ќе се емитува во повеќе од 40 земји низ Европа и Централна Азија.