Движејќи се полека кон Олимписките игри во Париз 2024 година, Олимпискиот комитет го претстави својот прв целосно осмислен визуелен идентитет кој опфаќа графики, типографија и илустрации, насочени да го внесат спортскиот настан во дигиталната ера.
Олимпискиот симбол е можеби едно од најпрепознатливите логоа во светот. Иконичните пет испреплетени прстени во жолта, сина, црвена, зелена и црна боја, кои што ги симболизираат различните континенти, досега беа доволни за претставување на брендот.
Меѓутоа, од почетокот на модерните игри во 1896 година, досега не е формулиран целосен бренд идентитет на Олимписките игри. Според комитетот, ова ќе биде првпат тој да се разграни во создавање на енергична низа на уметност и фонтови за да ги претстави игрите преку различни комуникациски канали со цел глобална конзистентност.
Работата за визуелниот идентитет, дизајниран во тандем со креативната агенција Hulse & Durrell, започнала уште во 2018 година.
Во текот на последните летни и зимски игри, комитетот веќе започна со воведување аспекти на новиот фонт, како што се Olympic Headline, Olympic Sans и Olympic Serif.
Фабијан Харб и Себ МекКлауклан од агенцијата за дизајн на типографија Dinamo и Џулијан Херберт од дизајнерското студио Principal добија задача да го создадат семејството на фонтови.
Покрај тоа, 17 различни илустрации кои го прикажуваат духот на игрите беа создадена од уметниците Франческо Чиколела, Аби Лосинг и Каран Синг.
Едноставните рачно нацртани слики се креативно замислени за да ги доловат срцето и духот на игрите, а во исто време се оптимизирани за можат да се сечат или уредуваат за различни медиуми.
Палетата на бои е исто така преработена за да вклучува повеќе нијанси на класичните пет Олимписки бои. Кон спектарот на бои се додадени и златниот, сребрениот и бронзениот медал.
Целокупната библиотека на дизајни треба да биде целосно изложена до Париз 2024 година, кои ќе бидат првите Олимписки игри на кои брендот ќе „оживее“ на таков начин. Дотогаш, комитетот планира да го промовира новото брендирање на различни точки на допир со јавноста преку своите маркетиншки активности.
Повеќе детали за развојот на визуелниот идентитет на Олимписките игри може да се најдат на следниот линк.