(02.09.2020) – Организацискиот комитет на летните Олимписките игри 2028 што треба да се одржат во Лос Анџелес го објави официјалниот амблем за настанот. Логото претставува анимирано решение кое вклучува дизајнерски придонес од уметници, познати личности и спортисти.
Амблемот е базиран врз официјалната кратенка за Олимписките игри во 2028 која се состои од иницијалите на Лос Анџелес т.е. LA и последните две цифри од годината, односно “28”. Притоа, “L” и “28” се статични, додека пак буквата “A” постојано се транформира во различни верзии, со цел да го застапува спектарот на различности од кои е составен градот.
We are a community of inspired individuals and fearless dreamers. It’s time we made our mark. #LA28 #LA28Creator pic.twitter.com/XagKkA5d9a
— LA28 (@LA28) September 1, 2020
Според претседателот на организацискиот комитет, Кејси Васерман: „ЛА пркоси на еден единствен идентитет. Не постои единствен начин за да се претстави Лос Анџелес. Олимписките игри во 2028 ќе ја претстават колективната креативност на нашата заедница и ќе ја слават различноста што нè прави силни.“
Повеќе од 20 луѓе биле ангажирани со цел да ја пренесат својата уметничка експресија низ буквата “A”, вклучувајќи ја актерката Рис Витерспун, музичкиот артист Били Ајлиш, тату-артистот Др. Ву и спортисти како уметничкиот лизгач Адам Рипон.
When the world unites for the Games in 2028, we’ll show them the real LA. Join us to create the future we want to see. #LA28 pic.twitter.com/1kHEMrmx41
— LA28 (@LA28) September 1, 2020