После успешната една и пол година, со три колекции на лимитирани едиции маички, Омајгад на 18-ти април (сабота) ќе понуди нова, супер шарена колекција.
Колекцијата се спремаше од септември, поточно од роденденот на Омајгад, кој беше прославен со 13-часовна дружба во Кафе барот “Љубов“, a истото ќе се повтори и утре на иста локација и во исто време. Почетокот е закажан во 12 часот на пладне, заедно со Дј Васо, а во вечерните часови за одлична забава ќе се погрижи Game Over.
“Оваа година започнуваме со проширување на нашето портфолио, со тоа што, освен машки и женски маички, ќе ја извадиме и првата македонска детска колекција, наменета за најмалите и најголеми идни фанови на Омајгад.” кажува Гоце Велески, основачот на Омајгад.
Кидс едишн ќе биде презентиран со 2 кирилични дизајни, а истите ќе имаат повторно кул исписи во препознатливиот стил на Омајгад.
„За возрасните фанови, имаме спремно три супер кул дизајни, сплет на бои и слогани кои опфаќаат широк спектар на шарени луѓе, во поглед на стил и став кон одредени работи и општо животот“, додава Велески.
Уште една новост за Омајгад е веб страната, www.omajgad.mk, на кој ќе можат онлајн да се купат маичките, со испорака низ цела Македонија за 48 часа и 0 денари. Маичките на сајтот ќе бидат достапни после утрешната промоција.