Медиската агенција OMD, дел од групацијата на Omnicom, го назначи Блејк Катберт за нов генерален извршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Азија.
Катберт ќе ја преземе должноста во мај, после три години поминати во консултантската компанија Brain, каде како партнер помогна во проширувањето и развојот на медискиот, креативен, податочен и технолошки бизнис на компанијата.
Брајан Катберт ја наследува позицијата на Гај Маркс, кој неодамна беше унапреден во генерален извршен директор на Omnicom Media Group за регионот на Европа, Блискиот Исток и Азија.
Според глобалниот генерален извршен директор на OMD, Џорџ Манас, експертизата на Катберт ќе има значајна улога во трансформацијата и унапредувањето на деловното работење на агенцијата, нарекувајќи го: „Вистинскиот лидер во вистинско време“.