Швајцарскиот бренд за луксузни часовници OMEGA денес ексклузивно ги презентираше новите модели кои ќе се појават на пазарот во 2022 година.
Ѕвездата на презентацијата беше титаниумскиот Omega Seamaster Planet Ocean Ultra Deep, кој може да издржи неверојатен притисок на дури 6,000 метри длабочина под вода.
Часовникот е базиран врз уникатниот примерок изработен во 2019 година за истражувачката мисија на Виктор Весково, чија сонда се симна до скоро 11,000 метри длабочина во Маријанскиот ров.
Покрај титаниумската верзија, на пазарот ќе се најде и верзија со челично куќиште, достапна во неколку различни бои.
OMEGA ќе ја надополни колекцијата Seamaster и со нов часовник од серијата Diver 300M, со прекрасен маслинесто-зелен дисплеј и прстен. Исто така ќе бидат достапни неколку нови верзии на часовници од серијата Aqua Terra, со челично куќиште и дисплеј во различни бои.
Од морето, OMEGA потоа се насочи кон ѕвездите, претставувајќи неколку нови модели во колекцијата Constellation, по повод 40. роденден на серијата Manhattan. Во 2022 година достапни ќе станат нови модели со дијаметар од 41 mm, 29 mm и 28 mm, со куќишта од челик, злато или комбинација на челик и злато – во зависност од моделот.
Сепак, највпечатливи се новите модели од 29 mm, и тоа поради нивниот ексклузивен дисплеј изработен од природниот минерал авентурин – форма на кварц. Секој дисплеј е изработен од посебен камен на авентурин, што значи дека не постојат два исти дисплеја во оваа серија!
Секако, ќе има и нови модели за љубителите на колекцијата Speedmaster. Во 2022 година, OMEGA најави нов унапреден Speedmaster 57 во повеќе варијанти, како и два нови модели на Moonwatch, изработени од нова легура на злато именувана како „Месечева светлина“ (Moonshine Gold).
Официјални застапници за часовниците на OMEGA во Македонија се Божиновски часовници и накит.