Швајцарскиот бренд на луксузни часовници OMEGA ја слави својата улога како официјален мерач на времето на претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Париз, објавувајќи нова едноминутна видео реклама.
Во спотот се појавуваат дванаесет застапници на OMEGA, инаку врвни спортисти во своите дисциплини, кои Париз го претвораат во свое игралиште од соништата. Надреалниот пејсаж е изграден преку комбинација на препознатливи локации во францускиот главен град со снимки од блиску на беспрекорни детали од најпознатите модели часовници на OMEGA.
Играта помеѓу реално и надреално, џиновско и минијатурно, градски пејсаж и часовничарски елементи, резултира со визуелно привлечно ремек-дело кое може да се смести меѓу најдобрите креативни остварувања во пресрет на Олимписките игри.
Спотот е проследен со енергична верзија на песната “Born To Be A Legend” („Роден да се биде легенда“), во изведба на SDM92, Manafest, Liv Ash и Otto Blue.