Омега Комуникации се победници во најпрестижната категорија на спотови за промоција на земја, регион или град на Интернационалниот филмски фестивал за туризам „БИТФФ“ кој за прв пат се одржа од 20 до 24 ноември во Баку, Азербејџан.
Фестивалот, организиран од Министерството за култура и туризам на Азербејџан, има за цел да промовира филмови за различни аспекти на туризмот, да ги идентификува најуспешните филмови кои промовираат домашен и меѓународен туризам и да ги промовира нивните автори.
Филмовите ги оценуваше жири, составено од меѓународни кинематографи, како и експерти за патувања и туризам. Освен натпреварот, фестивалот вклучи и семинари, дискусии и размена на искуства меѓу филмаџиите, експертите за туризам и медиумите.
Наградениот промотивен филм „Скопје 2014“ е креативно дело на агенцијата Омега Комуникации, а е изработен во продукција на Кино Око и во режија на Дарко Митревски, како дел од проектот „Македонија вечна“ на Владата на Република Македонија. ТВ спотот за „Скопје 2014“, освои трета награда и на интернатионалниот фестивал „Загреб Филм Фестивал“