Швајцарскиот бренд на луксузни часовници Omega го иницираше официјалното одбројување до почетокот на Летните олимписки игри во Париз во 2024 година, со откривањето на часовник под Ајфеловата кула кој ќе отчукува до нивниот официјален почеток. Како дел од прославата, Omega го претстави и новиот нуркачки часовник во чест на претстојните игри – Seamaster 300M Paris 2024 Special Edition.
Часовникот може да се пофали со прстен од легурата на месечево-сјајно злато (Moonshine Gold) со ласерски структурирана скала за нуркање. Употребата на легурата Moonshine Gold се протега и на задната страна на куќиштето, каде што е инкрустиран медалјонот на Oлимписките игри, заедно со натписот “Paris 2024” и oлимписките прстени.
Куќиштето има ширина од 42 мм и дебелина од 13,7 мм, што нуди избалансирано и удобно вклопување на зглобот. Часовникот го комплетира нараквицата од нерѓосувачки челик со пет алки и со системот за брза промена на Omega, што им овозможува на носителите да се префрлат помеѓу поформален и секојдневен изглед во зависност од поводот за носење.
Дисплејот на часовникот, изработен од бела керамика, се карактеризира со матирана позадина врз која се изведени полирани бранови. Стрелките за часови и минути потсетуваат на олимпискиот факел, додека пак стрелката за секунди е надополнета со логото на игрите во Париз.
Во внатрешноста на часовникот се наоѓа механизмот Caliber 8800, сертифициран Master Chronometer од Федералниот институт за метрологија на Швајцарија (METAS), кој обезбедува прецизно мерење на времето и доверливост. Со резерва на енергија од 55 часа, корисниците можат да бидат сигурни дека ќе биде во чекор со нивниот полн распоред.
Според Omega, часовникот е специјално издание, но не е ограничен или нумериран. Може да се купи само во Париз, а неговата цена е 8.700 американски долари.
Официјални застапници за производите на Omega во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.