(СВЕТ) – Omnicom Media Group (OMG) е големиот победник на ревизискиот процес на активностите за медиа планирање и медиа закуп на најголемиот огласувач во Северна Америка, Procter&Gamble.
Оваа одлука беше соопштена во понеделникот кога беше објавено дека Omnicom ќе го добие најголемиот дел од колачот за медиа закуп кој минатата година надмина 2,66 милијарди долари и ќе се грижи за медиа активностите на компанијата за кои досега беше задолжена Starcom Mediavest Group на Publicis.
OMG ќе биде задолжена за мнозинството брендови на P&G, а помал дел од брендовите ќе работи и Carat, медиската агенција на Dentsu Aegis Network.
Како што најави Omnicom Media Group, во план е да креира нова посебна единица која ќе се грижи само за овој огромен акаунт.
Starcom Mediavest Group не е исклучена целосно од соработката и ќе се грижи за брендоот Duracell, за дел од козметиката, мирисите и боите за коса во САД како и планирањето во Канада.
Ревизискиот процес на медиа активностите на P&G започна во Мај годинава, пет месеци откако компанијата назначи нов шеф на медиските активност за во Северна Америка.