Агенциската групација Omnicom го соопшти основањето на Transact – специјализиран консултантски оддел посветен на е-трговија. Задачата на Transact ќе биде да ги поттикнува продажбите и да го зголеми уделот на пазарот на платформите за е-трговија, капитализирајќи ги неодамна објавените партнерства на Omnicom со гиганти за е-трговија како Amazon, Instacart, Kroger и Walmart Connect.
„Електронската трговија е во центарот на агендите за раст и трансформација на нашите клиенти. Со Transact, ние ги зајакнуваме способностите за развој на нашите клиенти, помагајќи им да ја претворат секоја допирна точка на потрошувачите во нова можност за раст“ – посочува Џон Врен, претседател и извршен директор на Omnicom Group.
Transact ќе биде предводен од извршниот директор Френк Коченаш, признат лидер во индустријата и поранешен извршен директор во Amazon, McKinsey и претходен претседател на Wunderman Thompson Commerce, кој се приклучи на Omnicom во март 2022 година.
Услугите на Transact ќе вклучуваат медиумска комуникација и аналитика, управување со каталогот за продажба, оптимизација на содржината, како и управување со сметки и операции за да се задоволи растечката побарувачка на клиентите за комерцијални услуги. Услугите на Transact се поврзани со платформата OmniCommerce, која обезбедува прецизен увид во однесувањето на потрошувачите и укажува на тоа каде треба се инвестира за да се поттикнува растот.