Групацијата Omnicom ја припои агенцијата Proximity кон Rapp Worldwide, формирајќи агенција составена од 19 канцеларии ширум светот, која ќе ја предводи глобалниот извршен директор на Rapp, Марко Скогнамиглио.
Сите досегашни канцеларии на Proximity ќе бидат ребрендирани под името на Rapp, а моменталниот глобален извршен директор на Proximity, Мајк Додс, ќе ја превземе улогата на генерален извршен директор на Repp за поширокиот регион на Европа, Блискиот Исток и Африка.

Rapp ќе продолжи да работи во рамки на Omnicom Precision Marketing Group, предводена од генералниот извршен директор, Лук Тејлор, кој по повод спојувањето изјави: „Во OPMG постојано правиме стратешка ревизија на тоа како можеме да понудиме поконкурентни и порелевантни услуги на нашите клиенти. Ова спојување ќе ги усогласи високо комплементарните вештини и услуги на агенциите и ќе биде од корист како на нашите луѓе, така и на клиентите ширум светот.“
Ова спојување е најнов пример на консолидирање на агенциски брендови во рамки на една холдинг групација, како тренд кој се провлекува веќе последните неколку години.