Американската холдинг-компанија Omnicom Group го соопшти назначувањето на Кетлин Сакстон како нов генерален маркетинг директор, почнувајќи од 1 јануари 2023 година.
На оваа нова позиција, Сакстон ќе биде одговорна за промоција на наградуваните деловни и маркетинг способности на Omnicom и нивните omni-channel решенија за глобалните клиенти, надградувајќи го успехот на компанијата во оваа област.
Како искусен лидер во индустријата, Сакстон се придружува од MediaLink, каде што служеше како извршна директорка за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, одговорна за стратешки консалтинг, избор на агенции, советување за таленти, маркетинг и продажба. Таа е исто така соосновач на Advertising Week Europe. Претходно, таа водеше сопствена советодавна фирма за таленти, The Lighthouse, а работеше и на маркетинг позиции во телевизијата Sky и агенциите Saatchi и PHD.
Сакстон е член и на бордот на непрофитната организација за помош на деца NSPCC Childline и е активен член на организацијата WACL („Жени на лидерски позиции во огласувањето и комуникациите“). Таа е исто така ментор во програмата Speakers For Schools на Владата на Обединетото Кралство.
„Кетлин чекори во оваа улога со длабоко разбирање на решенијата што ги сакаат модерните глобални клиенти за да успеат во еден трансформиран потрошувачки свет. Нејзините докажани маркетиншки вештини ќе го подигнат нашиот неверојатен агенциски талент и нашите поврзани решенија за клиенти кои постигнуваат подобри деловни резултати“ – посочи Дерил Сим, претседател и главен оперативен директор на Omnicom Group.
„Со своите иконични и креативни агенциски мрежи и дисциплини со поглед кон иднината, Omnicom се етаблира како лидер за интегрирани решенија за клиентите. Нестрплива сум да работам заедно со неверојатен тим за да ги оркестрирам неговите огромни способности за најдобро да им служи на клиентите“ – изјави Кетлин Сакстон по повод нејзиното назначување како генерален маркетинг директор на Omnicom Group.