Omnicom Media Group (OMG), одделот за медиски услуги на агенциската холдинг компанија Omnicom Group, го именуваше Ден Клејс за нов генерален извршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.
Во својата нова улога, Клејс – кој беше извршен директор на OMG за Обединетото Кралство во последните четири години – ќе ја надгледува стратегијата, операциите и развојот и усвојувањето на трансформативните способности за поддршка на агенциите при OMG – вклучувајќи ги OMD, PHD, Hearts & Science и Annalect, на пазарите во Европа, Блискиот Исток и Африка.
Клејс доаѓа на местото на Гај Маркс, кој неодамна беше именуван за глобален извршен директор на агенцијата PHD Worldwide. Во својата нова улога, Ден Клејс ќе одговара директно пред глобалниот извршен директор на OMG, Флоријан Адамски. Клејс официјално ќе стапи на новата функција на 1-ви октомври, а неговиот наследник во Обединетото Кралсво ќе биде објавен наскоро.
„Во лидерски улоги и во OMD и во OMG UK во текот на изминатата деценија, во кои беа забележани сеизмички технолошки, економски и културни промени, Ден Клејс постојано го поттикнуваше деловниот раст за нашите клиенти и агенции со тоа што ја одржуваше нашата понуда неколку циклуси пред следниот предизвик. OMG беше број 1 медиска групација во Обединетото Кралство во стекнувањето на нови клиенти во изминатите две години токму поради неговата посветеност да ја направи OMG број 1 медиска групација во Обединетото Кралство во однос на талентот, алатките и технологијата за годините што следуваат. Во неговата нова улога, таа посветеност, во комбинација со неговата експертиза и визија проверени во пракса, ќе обезбеди водечки способности на пазарот и индустријата и услуги за клиентите во сите агенции на OMG ширум Европа, Блискиот Исток и Африка“ – истакнува глобалниот извршен директор на OMG, Флоријан Адамски по повод унапредувањето на Ден Клејс.