Американската агенциска групација Omnicom е најскорешната од големите маркетинг холдинг компании која одлучи да се повлече од Русија, како реакција на руската инвазија на Украина.
Компанијата посочи дека активно работи со локалните партнери за да се „откачи“ од сите свои инвестициски позиции во Русија.
„Планираме уреден процес за да обезбедиме континуитет на услугите за клиентите и да обезбедиме иднина за нашите руски колеги, некои од кои биле во Omnicom со децении. Очекуваме наскоро да ги финализираме деталите“ – се вели во соопштението на групацијата.
Omnicom исто така додаде дека е во постојан контакт со над 200 колеги од Украина, нотирајќи дека нивната безбедност и на нивните семејства е прв приоритет на компанијата, помагајќи им со хуманитарна поддршка, транспорт, сместување, визи, преведувачки услуги, залихи, медицинска помош итн.
Претходно, од Русија се повлекоа и агенциските групации WPP, Interpublic, Publicis и Dentsu.