Американската маркетинг компанија – Омником и француската Публицис соопштија дека ќе се спојат и со тоа ќе ја формираат групацијата ОМНИКОМ ПУБЛИЦИС ГРУП, која ќе биде вредна 35,1 милијарда долари.
Џон Рен (досегашен CEO на Омником) и Морис Леви (досегашен CEO на Публицис) заеднички ќе ја водат компанијата а акционерите на двете компании ќе имаат по околу 50% од акциите на новата Публицис Омником Групација (ПОГ).
Сите досегашни акционери на Публицис за секоја акција од ПОГ ќе добијат специјална дивиденда од едно евро а сите сопственици на акции во Омником за секоја акција ќе добијат 0,813 акции од новата компанија плус бонус од два долари и квартален бонус на дивиденда.
Новата компанија ќе вработува повеќе од 130.000 луѓе и ќе котира на берзите во Њујорк и Париз.
Публицис Омником Груп одсега на едно место ги вклучува светските агенции како Лео Бурнет, ББДО, Саатчи&Саатчи, ДДБ, Зенит Оптимедија, Кетчум и др.
Најинтересниот момент е што одсега во иста агенција ќе бидат компании како Кока Кола , Пепси, Мекдоналдс, Тако Бел и др… па ќе биде интересно како на глобалната сцена ќе се развиваат работите во маркетинг индустријата.
Оваа вест во маркетинг светот се коментира на многу дијаметрално спротивни начини и од повеќе гледишта, па така се сретнуваат коментари дека оваа групација е природна кога се знае дека Гугл и Фејсбук им земаат се повеќе пари на агенциите од адвертајзинг буџетите на компаниите преку нивните сервиси за огласување кои на компаниите и без помош од агенции им овозможуваат да направат сосем солидни кампањи…..коментари дека оваа групација сега е во целосна предност при закупот на медиа простор и обезбедување најдобри услови за огласување на своите клиенти..па се до коментари дека оваа групациа ќе ја убие конкуренцијата и целата индустрија и дека е недозоливо олку голема концентрација во компанија чија вредност е многу поголема од многу држави во светот..
Што мислите Вие?