Најновото остварување во глобалната маркетинг кампања на Heineken ги драматизира оние моменти кои не смеете да ги пропуштите во фудбалската Лига на шампиони.
Рекламата насловена „World’s most unmissable moments“, дело на Publicis Italy, го промовира брендот како спонзор на Лигата на шампиони, прикажувајќи низа на хумористични сценарија во кои фудбалски фанови ширум светот пропуштаат клучни моменти во напреварите, како на пример кога се оттргнуваат од телевизорот за да примат нарачка.
Хајнекен ќе лансира и дигитална платформа, создадена од Poke, која ќе вклучува преглед на клучни моменти од натпреварите како и алатки за спречување на секакво одвлекување на вниманието.
Спотот е дел од серијата реклами кои се фокусираат на различните спонзорства на брендот, како и промената на слоганот од „Open your world“ во „That’s Heineken“ порано овој месец.
Кампањата на брендот е во насока да ги охрабри луѓето да отворат нова, свежа перспектива и повеќе да уживаат во животот.
„Треба да бидеме помалку „тешки“. Новата генерација не ја планира својата иднина толку бидејќи е премногу несигурна. Тие знаат дека им е потребно уживање во животот,“ изјави Бруно Бартели, глобален креативен директор на Publicis Worldwide и извршен директор на Publicis Italy.