По премиерата на фестивалот KAKTUS 2020, а поради големиот интерес на колегите од целиот регион, порталот Маркетинг мрежа, на својот 9-ти роденден во сабота, 16 јануари во 18 часот, ја организира онлајн премиерата на филмот „Креативен ген“. Филмот ќе им биде достапен на сите заинтересирани колеги, бесплатно, на платформата https://kreativnigen.marketingmreza.rs/
Станува збор за првиот долгометражен документарен филм за развојот на адвертајзинг индустрија во Србија, снимен од страна на Маркетинг мрежа, во соработка со Real Grupa RGS и LCF Production, додека визуелното решение на филмот го потпишува агенцијата Ovation BBDO.
Филмот го опфаќа периодот од 2008 до 2020 година, односно периодот обележан со големи промени во адвертајзинг индустрија на сите полиња – од креативност, продукција, појава и експанзија на првите социјални мрежи, масовно отворање нови агенции, до доаѓање на глобалните компании на српскиот пазар кои со себе донесоа и нови трендови, па се` до 2020 година, која што беше особено предизвикувачка и своевидно рестартирање за адвертајзинг индустрија.
Во филмот зборуваат 15 директори и креативни директори на агенции од Србија, кои даваат преглед и ретроспектива на развојот на адвертајзингот преку седум клучни теми.
„Филмот Креативен ген дава уникатен преглед на развојот на индустријата – каде бевме во 2008 година, а каде сме денес, и сето тоа од гледна точка на луѓето што ја градеа и ја градат оваа професија и денес. Креативен ген, првиот документарен филм за адвертајзинг индустрија во Србија, е сведоштво на едно време, видео што им го оставаме како наследство на идните генерации на креативци во Србија“, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач на Маркетинг мрежа и креатор на филмот, и ги повика сите заинтересирани колеги да се приклучат на онлајн премиерата на 16 јануари од 18 часот.
Линк за регистрација https://kreativnigen.marketingmreza.rs/