Видео содржината која се гледа преку интернет речиси се изедначи со класичното гледање на ТВ програмите, покажува новата студија која е спроведена од Ericsson ConsumerLab.
Дури 75% од испитаниците рекле дека гледаат видео содржини online повеќе пати неделно, додека 77% од нив рекле дека гледаат класичен ТВ во иста мера.
Според резултатите од истражувањето, кое се спроведува петта година по ред, 19% од испитаниците се спремни да платат дополнително како би можеле видео содржината да ја гледаат на повеќе уреди, што е пораст за 25% во споредба со 2012 година.
Андерс Ерландсон, Senior Consultant за Ericsson ConsumerLab, изјавил: “Нашето истражување покажа дека времето кое корисниците го посветуваат за гледање на видео содржини на паметните телефони и таблетите значително се зголемува. Исто така голем број корисници преминуваат на сервиси како Netflix или Hulu, кои нудат видео содржина on-demand за определена месечна претплата. Дури 48% од нив велат дека сакаат веднаш да бидат во можност да ги гледаат сите епизоди на своите омилени серии, за да ги гледаат кога ним им одговара“