Американската технолошка компанија за развој на вештачката интелигенција OpenAI ја претстави бета верзијата на нова функција наречена „Tasks“, имплементирана во рамки на ChatGPT, сигнализирајќи го навлегувањето на компанијата во просторот за виртуелни асистенти – објави новинската агенција Ројтерс.
Како конкуренција на „Siri“ на Apple и „Alexa“ на Amazon, функцијата „Tasks“ ќе им овозможи на корисниците на ChatGPT да поставуваат задачи што треба да се извршуваат во иднина, вклучувајќи еднократни потсетници или повторливи дејства.
Врз основа на кориснички разговори, виртуелниот асистент исто така ќе може да предлага задачи, при што корисниците ќе добијат опција да ги прифатат или одбијат.
Од компанијата соопштија дека во следните денови ќе започнат со постепена имплементацијата на бета верзијата на „Tasks“ за сите корисниците на Plus, Team и Pro верзиите на ChatGPT, почнувајќи од веб-платформата.
Сè поголемата примена на вештачката интелигенција во последните две години, главно поттикната токму од популаризацијата на ChatGPT, ги принуди другите технолошките компании кои имаат своите виртуелни асистенти, како „Siri“ на Apple и „Alexa“ на Amazon, да започнат со имплементација на алатки со вештачка интелигенција во нивното функционирање.