Компанијата Triple – I Lab DOO во чија сопственост е порталот ОПСЕРВЕР има потреба од: Новинари
Кандидатот/кандидатката кој/а ќе аплицира за оваа позиција, потребно е да има високо образование (или завршна година на студии), да ја познава работата и да има искуство во областа. Покрај одличното познавање на македонскиот јазик, кандидатот/кандидатката потребно е убаво да се изразува и да поседува добри комуникациски вештини.
Желбата за работа, пишување, изразување, креативен развој, како и познавање на англискот јазик, ќе се сметаат за предност при разгледување на пријавите.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените критериуми испратете ја Вашата кратка биографија (CV) и мотивациско писмо во кое ќе наведете како Вие ќе придонесете во работата на Опсервер, на info@opserver.mk (со назнака “Апликација за оглас за новинари”).
Доколку станете дел од тимот на Опсервер, ќе бидете редовно ангажирани и ќе работите со позитивен тим, добри услови за работа и можност за развој и напредок.
Работното место предвидува ангажман за пишување новинарски текстови, анализи, преводи и интервјуа на разни теми. Вашите апликации може да ги испратите најдоцна до 20.08.2021 година.