Новата кампања на хрватската маркетинг агенција Imago, која беше реализирана за Центарот за англиски јазик “Мое знаење“ ,деновиве предизвика бура од реакции во повеќето хрватски медиуми а имуни на паметната “виралка“ не останаа ни оние од поширокиот регион.
Се работи за паметна провокација која никого не остави рамнодушен.
Како би ги промовирале тековните курсеви на оваа школа, во Imago најпрво одлучија да направат фиктивен бренд именуван како “Агенција за зближување на јазиците“ во чија организација се најавува изложбата “Usmena predaja” (усмено предавање :) ).
Приказната е склопена да изгледа баш како една од оние во низа кампањи кои излегуваат со потпис на некоја новонастаната агенција за нешто што не сме ни знаеле дека постои или мора да постои. Секако, се би поминало релативно незаприметено ако формулацијата “Usmena predaja“ намерно не ја превеле на англиски како “Oral Giving“
Оваа “грешка“ моментално ја испровоцирала јавноста и предизвикала бројни реакции на социјалните мрежи и во медиумите, а после тоа се појави одговор во облик на голема налепница низ првичните билборди која ја промовира школата за англиски јазик.
За разлика од “Агенцијата за зближување на јазиците“ која навистина е измислена, изложбата не е измислена и ќе се оддржи на 27.11 и таму посетителите ќе можат да видат бројни примери на лоши преводи од хрватски на англиски јазик.
Игор Младиновиќ, главниот креативен директор во Imago, во однос на кампањата појаснува: “Кога сте компанија со релативно мал медиски буџет за огласување, тогаш креативноста е се што Ви преостанува. Тоа одлично го знаат кај нашите клиенти од школата “Мое знаење“ па ни дадоа и таква задача. Нивната школа е специфичка на пазарот баш по тоа што преку уникатна метода на логишна граматика ги учи учениците да во својот говор не ги преводуваат речениците од хрватски на англиски, туку да мислат и сложуваат конструкции баш онака како што тоа го прават англичаните. Таа нивна специфичност сакавме да ја нагласиме покажувајќи како буквалното преведување од нашиот јазик на англиски звучи смешно и глупо, па одлуката за ваква провокативна кампања беше потполно логична“
Извор: Медиа-Маркетинг