Во својот најнов маркетингшки трик, подготвен за “Националниот ден на Орео“ и 105 роденден на брендот, Орео облече костими од своите бисквити на пет дронови, кои ги подигна на небото над Њу Јорк. Во акцијата наречена „Drone Dunk“, дроновите исфрлувале колачиња во чаши со млеко постевени на еден брод на East River. Според изјавата од брендот, некои ид колачињата дронот ги исфрлил од висина на Статуата на слободата, односно од 90 метри.
Овај трик е поврзан со кампањата на социјалните мрежи, во кои корисниците можат да ги постават своите егзебиции со Орео колачињата на Твитер или Инстаграм, со што имаат можност да освојат патување во Лос Анџелес или Њу Јорк.
Орео е познатпо ваквите необични акробации. Брендот исто така направи pop-up места во Њу Јорк и Лос Анџелес, на кои можат да се пронајдат новите вкусови под називот „Oreo Wonder Vault.“ Можеби брендот е најпознат во дигиталните маркетинг кругови по твитот „Dunk in the dark“ за време на Супер Боулот во 2014 година.
Во видеото подолу погледнете како изгледаат Орео дроновите.