Организацијата “Супербренд Македонија”, традиционално и оваа година ги прогласи новите “супербрендови“ за 2013-2014 година. Тоа се компаниите „Здравје Радово“, „Жито лукс“, „Адора инженеринг“, „Акцент компјутери“, „Телекабел“, „Трансмет“, „Авицена лабораторија“, „Еурофарм“, „Еуроимпекс“, „Еуролинк“, „Хот-Хот“, „Идеја плус“, „Коузон“, „Кристал“, „Монтенегро“, „Плива“, „Пропионт“, „Ремедика“, „Секјуриком“, „Семос“, „Скопски саем“, „Солета“, „Витаминка“, потоа „Бекстејџ“, „ДХЛ“, „Елена Лука“, „Теа модерна“, Театар комедија, Универзитет за туризам и менаџмент и музичарот Влатко Стефановски.
Покрај стручното жири, како што велат од организаторите, во изборот на најдобрите учествувале и преку 8.000 потрошувачи. Критериуми според кои оценувале од жирито биле квалитетот, сигурноста, препознатливоста и емотивната приврзаност. Третиот избор на македонски супербрендови почна со селекцијата на стручното жири на почетокот на 2013 година, кога повеќе од 1.000 домашни и меѓународни брендови во 27 категории беа на списокот финалисти, изготвен во соработка со водечките маркетинг и агенциите за испитување на пазарот
– Најдобрите пазарни марки во Македонија повторно се крунисани со глобалната награда Супербрендс. Супербрендс знакот не е само декорација на производот, туку официјално признание на пазарната марка и шанса компаниите да освојат нови потрошувачи, како и да ја задржат лојалноста кај постоечките. Тоа во прв ред е признание за минатиот труд, но претставува голема одговорност за идниот раст и развој, изјави Зоран Саздовски, директор на Супербрендс за Адриатик регионот на доделувањето на признанијата.