Оскаровецот додаде уште едно ремек дело на својата листа на фантастични реклами
Спајк Џонз веќе долго време е посветен на светот на танцот. Овај оскаровец стои позади музичките спотови на Fatboy Slim од крајот на 90-тите години, па до познатата Кензо реклама од 2016 година, која освои награди на бројни фестивали на креативноста во целиот свет.
Овој пат “Епл” го икористи талентот на Џонз за танцови перформанси во својата најнова реклама.
48-годишниот Оскаровец го режираше новиот четириминутен краток филм за новиот HomePod паметен звучник на Apple, во соработка со уште еден импресивен музичар, британската пејачка и танчерка, FKA Twigs. Резултат на оваа соработка е неверојатен спот, кој е надреален, емоционален, разигран, театрален и крајно впечатлив.
Видео со наслов “Welcome Home” го следи новата песна на Anderson.Paak “Til It’s Over“, а во кореографија на Рајан Хефингтон.
Рекламата одлично го пренесува емоционалното патување низ движење (нешто што очигледно го фасциниран Џонз) и нуди прекрасна визуелна метафора за трансформација на сопствениот дом. Целото ова искуство е овозможено благодарение на моќниот HomePod звучник, со помош на Apple Music сервисот и виртуелниот асистент асистент Siri.