Хрватската подружница на Erste Bank ја лансираше својата нова телевизиска кампања со која ги охрабрува младите брачни парови да се ослободат од „духовите на минатато“, искористувајќи ја нивната понуда за станбен кредит.
Дејството на рекламата се случува пред повеќе децении, кога еден тогашен млад брачен пар никако не може да најде мир во стариот дом, постојано прогонувани од „духовите на минатото“. Конечно, тие се одлучуваат да заминат од таму и да создадат нов дом. На самиот крај од спотот, дејството скока до денешно време кога приказната се повторува – со нов млад пар кој ги следи чекорите на „стариот“ пар.
„Сите знаеме кога е вистинското време за промена, а излегувањето од зоната на удобност е единствениот начин за тоа да го оствариме! Приказната за ова ја претставивме и преку нова телевизиска реклама за Erste Bank, која со својата понуда за станбен кредит ги поттикнува луѓето да ја направат промената што ја заслужуваат – без да ги чекаат духовите од минатото“ – посочуваат од креативната агенција BBDO Zagreb, која стои позади проектот.
Рекламата е создадена во соработка со продукциското студио VAL Produkcija.