Британската компанија John Lewis, најпозната по своите стоковни куќи, се реши да заплива во осигурителните води и да извади понуда за осигурување на домот.
Со цел да ја промовира својата нова услуга, John Lewis лансираше нова кампања насловена “Let Life Happen” („Оставете го животот да се случи“), составена од телевизиски спот, активности на социјалните мрежи и дигитални реклами на отворено.
Во централниот спот на кампањата, гледаме момче кое се облекува во алиштата на својата мајка и потоа со звуците на песната “Edge of Seventeen” од Стиви Никс, прави ‘ршум низ домот. Неговата сестра и мајка само го проследуваат со израз на неверување, додека момчето конечно не се фрли на каучот од замор.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Adam & Eve/DDB и продукциската куќа MJZ.