Со цел промоција на својата најсовремена серија на телевизори OLED TV, јужнокорејската компанија за електроника LG лансираше надреална кампања која гледачите ги води на магично патување.
Централниот спот на кампањата прикажува жена која, навидум изморено од долгиот ден, се враќа во својот стан. Меѓутоа, додека таа го бара клучот од станот, зградата и светот околу неа се трансформираат во магичен амбиент со разнобојна „неонска/ЛЕД“ светлина.
Со влегувањето во својот стан, жената отпочува паување низ ваквиот волшебен пејсаж, сретнувајќи осветлени рипки кои лебдат во внатрешноста на автомобили, интензивно осветлена коцка која игра улога на портал за транспортација, прекрасно осветлено дрво и на крајот – поглед од височина кон футуристички осветлениот град. Сепак, на крајот од рекламата дознаваме дека жената всушност одмара пред домашниот телевизор со својот партнер, а магичниот свет е проекција на технологијата на LG.
Претходно споменатото осветлено дрво се појавува и на принт и outdoor рекламите кои се дел од оваа кампања, која пак го носи името „Light up your world“ или во превод – „Осветли го твојот свет“.
Креативната агенција која стои позади кампањата е The & Partnership London, минатата година избрана за глобална креативна агенција на LG во однос на телевизорите од серијата OLED TV. Кампањата е создадена и со помош на продукциската куќа Rogue Films.