Вива ја промовираше својата најнова летна кампања за категоријата Вива Фреш како најава на летната сезона. Под слоганот „Освежи го летото, освежи се со Вива Фреш“, новата маркетинг-кампања ги слави позитивната енергија, дружбите и малите но значајни моменти на освежување.
Категоријата Вива Фреш нуди дури девет освежителни вкусови достапни во пакувања од 0,5 л и 1,5 л – од класичен вкус до тропски миксови. Оваа категорија овошни сокови со години е омилена меѓу потрошувачите, особено во летниот период. И оваа сезона, потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во нови вкусови што наскоро ќе бидат претставени, а тоа е уште еден доказ за континуираниот стремеж на Вива кон иновации и збогатување на понудата.
„Оваа летна кампања е посветена на моментите што ги споделуваме со најблиските – било да е пикник во природа, било да е дружење со пријателите или летна забава. Со Вива Фреш, тие моменти стануваат уште повкусни и полни со енергија“, велат од Вива.
Кампањата предвидува динамични видеа, заразна музика и добро позната естетика што Вива ја негува во својата комуникација. Материјалите се веќе достапни на профилите на брендот на социјалните мрежи, а првите реакции од потрошувачите се исклучително позитивни.
Ова е уште еден чекор напред за Вива, која минатата година го прошири своето портфолио со две нови категории – смути од 100 % овошје и линијата Вива ла Кучина со кечапи и доматни сосови. Со тоа, Вива продолжува да го следи вкусот на потрошувачите и да нуди производи што се дел од секојдневието на сите генерации.