Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, објави новогодишно видео обраќање до вработени на компанијата во кое се осврна на предизвиците кои беа надминати и успесите кои беа постигнати во 2024 година.
Од холивудското појавување во јануари, преку меѓународното патентирање на течниот Омепразол, отворањето на капиталниот проект Таблетно 2, проширување на глобалното присуство во Казахстан и во Јужна Кореја, па сѐ до престижни награди од Македонската берза, организацијата на хуманитарен хепенинг за СОС Детско село и отворањето на Музејот на „Алкалоид“ – компанијата од месец во месец ја зацврстуваше својата позиција како лидер во иновациите, одржливото работење и општествената одговорност.
Во продолжение проследете го новогодишното обраќање на Живко Мукаетов во целост: