Креативната агенциска мрежа Dentsu Creative го претстави новиот глобален лидерски тим, по неочекуваната најава за претстојното заминување на меѓународната извршна директорка Венди Кларк.
Покрај главниот креативен директор Фред Леврон, ангажиран во 2021 година, компанијата го потврди назначувањето на Андреа Тераса за глобална генерална оперативна директорка. Ова претставува унапредување за Тераса од нејзината улога на генерална оперативна директорка на Dentsu Creative за Северна и Јужна Америка.
Иван Зван Алтобели, кој се приклучи на компанијата во 2021 година од Accenture Song, е назначен за глобален генерален директор за луѓе, додека пак Џули Скелзо и Џон Дупуис ги преземаат функциите на генерална креативна директорка за глобални клиенти и претседател на глобални клиенти, соодветно.
Мрежата Dentsu Creative беше создадена со спојувањето на распространетата креативна агенциска мрежа на грушацијата Dentsu, собирајќи персонал од 9.000 вработени под еден „чадор“. Тој потег, предводен од Фред Леврон и Венди Кларк, беше најавен на фестивалот Cannes Lions во јуни.