Социјалната платформа за споделување слики Pinterest објави визуелно привлечен видеоспот инспириран од „Алиса во Земјата на чудата“, со кој ги поттикнува луѓето да ја откријат сопствената естетика („Find Your Aesthetic“).
Спотот започнува со цена во која „Алиса“ паѓа низ зајачка дупка, како метафора за бескрајните можности што ги нуди Pinterest. Додека таа се движи низ волшебниот свет на различни модни стилови, гледачите се „бомбардирани“ со визуелни стимуланси на фантастично живописни сцени.
Една од најважните карактеристики на оваа реклама е одлуката да се користат вистински реквизити, наместо целосно потпирање на компјутерски генерирани графики. Креативниот тим на компанијата се решил за таквиот пристап со цел да се даде автентичен и тактилен квалитет на рекламата, подобрувајќи ја нејзината визуелна привлечност.
Покрај чувството на длабочина и реализам во фантастичните сцени, вистинските реквизити исто така треба да укажуваат на персонализираните содржини на платформата и да ја поттикнуваат рачната изработка како најавтентичен начин за експресија на сопствената естетика.