Додека со нетрпение го очекуваме изборот на финалистите меѓу рекордниот број пријавени кампањи, запознајте ги експертите од регионот кои ќе бидат дел од жирито на професионални медиуми на овогодинешното издание на BalCannes, збогатено со нова награда – Editor’s Pick Award!
Овогодинешното издание на регионалниот натпревар BalCannes ги обединува најдобрите од најдобрите кога станува збор за агенции и огласувачи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, славејќи го духот на овие простори. Од година во година, BalCannes ја наградува креативноста и оригиналноста кои опстојуваат и покрај бројните предизвици на пазарот, а сите етаблирани агенции, како и оние кои штотуку се пробиваат на креативната сцена, имаат можност да покажат на кои проекти напорно работеле во изминатата година.
Експертските жири-комсии составени од претставници на огласувачите и агенциите веќе ги избраа најдобрите меѓу рекордниот број пријавени кампањи, повеќе од 180 од нив, при што категоријата Social Responsibility сочинува речиси 25% од апликациите. Наскоро ќе дознаеме кои проекти ја заслужија титулата финалист, а најдобрите меѓу нив ќе бидат објавени на доделувањето на наградите на новото издание на „Денови на комуникациите“ кои што ќе се одржат во Ровињ од 20 до 23 април 2023 година.
Посебна карактеристика на овогодинешното издание на натпреварот е BalCannes Editor’s Pick Award – специјална награда за најдобрата кампања според критериумите на уредниците и медиумските професионалци. Медиумското жири на BalCannes традиционално се состои од претставници на водечките професионални медиуми во регионот, и тоа:
Сандра Бабиќ (Lider Media, Хрватска), Ненад Даниловиќ (Advertiser Serbia, Србија), Екрем Дупановиќ (Media Marketing, Босна и Херцеговина), Борис Ефтимовски (Marketing 365, Македонија) и Симона Крухар Габершчек (Marketing Magazin, Словенија).
Сите новости за фестивалот можете да ги следите на официјалната веб-страница www.danikomunikacija.com.