Празниците вообичаено се време на уживање и екстраваганција, но тоа не значи дека треба да бидеме неодговорни со нашето однесување. Во обид да се поттикне поразумен и повнимателен пристап кон потрошувачката за време на овие Божиќни празници, IKEA на рускиот пазар лансираше нова „драматична“ реклама со која метафорично предупредува што може да се случи доколку неодговорно ги фрламе остатоците од празничната трпеза – наместо да ги складираме во пластичните садови на брендот.
Рекламата за почнува со навидум типична сцена на младо момче кое си игра во снегот, опколено со божиќни дрвја и светилки. Меѓутоа, во моментот кога се подготвува да фрли снежна топка, од небото паѓа џиновски ананас кој уништува еден снешто веднаш зад него. Одеднаш, храната почнува да паѓа насекаде низ населбата и да уништува автомобили и градби.
Кога момчето конечно успева да стигне до дома, гледа дека храната која паѓа надвор сé всушнот остатоците од празничната трпеза кои неговата мајка ги фрла во ѓубре. Откако таа гледа и сфаќа што се случило и што направила, рашава да го промени своето однесување и да продолжи да ги складира остатоците во пластичните садови на IKEA. На крајот од рекламата се приклучува наратор кој поставува прашање: „Што ако природата се одлучи да ни го врати она што сме го фрлиле за време на празниците?“
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Great Guns и продукциското студио Alfa Film.