Кампања од креативната агенција NEW! од Литванија ги предизвикува агенциите да бидат оценети надвор од нивната зона на удобност.
Можностите за агенциите да нивната работа биде оценета од експертска заедница која е сепак објективна и независна се навистина ретки. Како единствен глобален креативен натпревар оценет од новинари кои пишуваат за индустријата, Epica Awards ја нуди токму таа шанса.
Оваа клучна разлика е истакната од креативната агенција NEW! од Литванија во новата кампања за пријавување на натпреварот. Користејќи ја обвивката со меурчиња како визуелна метафора, креативните решенија ги охрабруваат агенциите „да бидат жирирани надвор од нивниот меур“.
Креативниот директор Миндаугас Јуозапавичиус вели дека идејата произлегла природно: „Брифот беше јасен и има многу силен и уникатен продажен предлог“.
Миндаугас е на чело на креативниот оддел од јануари 2022 година, но самата агенција е основана пред 11 години. Во неа се вработени 26 лица. „Иако низ годините пробавме неколку пристапи кон моделот на агенцијата, моментално најдобриот термин за да нè опише како агенција е „сеопфатните““ – вели Миндаугас.
Тој додава дека агенцијата се стреми кон ефективност како и занаетчиска извонредност. „Многу се гордееме со фактот дека од самиот почеток на нашата агенција, не помина ниту една година без да бидеме наградени на литванските награди за маркетиншка ефективност“.
Во однос на наградниот натпревар жириран од страна на печатот, агенцијата смета дека е „100% позитивен, ако печатот за кој зборуваме е експертски печат. И тоа е дефинитивно случај со жирито на Epica Awards. Колку повеќе непристрасност, толку подобро, помага да се слават вистинските скапоцени дела“ – посочува Миндаугас.
Овогодинешниот натпревар ќе ја вклучува и новата специјална награда Media Grand Prix – сега официјално воспоставена по пробното лансирање минатата година – како и нова категорија AI Craft. Покрај признавањето на ова поле во развој, AI Craft ќе им овозможи на традиционалните кампањи да блеснат во категориите Print Craft, Illustration и Photography.
Зборувајќи за вештачката интелигенција, овогодишните награди ќе се карактеризираат со уште една уникатност за индустријата: експериментален жирирач со вештачка интелигенција кој ќе го даде своето мислење за пријавените кампањи. Сепак, овие оценки нема да влијаат на главното жири.
Наградната церемонија ќе се одржи онлајн на 7 декември, а наскоро ќе следуваат повеќе детали.
Ова се клучните датуми за Epica Awards 2023:
Период на пријавување: од 1 септември до 6 октомври
Период на жирирање: 28 октомври до 20 ноември
Потесен избор: 22 ноември
Наградна церемонија: 7 декември
Повеќе детали за процедурата на пријавување може да се најдат на следниот ЛИНК.