Агенцијата Ginger Hub Ljubljana стана локална филијала на McCann за словенечкиот пазар и отсега ќе работи под брендот McCann Ljubljana.
Новата агенција ќе претставува синергија на најдобрите практики на светската мрежа McCann, локалните таленти и ќе работи со силна поддршка на агенциите во рамките на Групацијата I&F.
Генерален директор и предводник на McCann Ljubljana ќе биде Жига Анжловар.
„Драго ми е што добив можност да ја водам агенцијата McCann во Љубљана. Нашата цел е да го донесеме најдоброто знаење од креативната индустрија на словенечкиот пазар преку регионална поддршка во синергија со нашиот локален талент и експертиза“ – нагласува Анжловар.
„Во McCann Ljubljana веруваме во партнерства и соработка која носи врвни решенија. Светот постојано се движи и затоа McCann создава не само кампањи, туку и платформи и екосистеми кои можат да се менуваат и трансформираат со текот на времето. Во нашата канцеларија ќе сретнете ентузијастички, посветен, љубопитен и подготвен тим посветен на нови предизвикувачки проекти“ – додава тој.
McCann Worldgroup е една од најголемите светски агенциски мрежи, со над 20.000 вработени во повеќе од 100 земји. Агенциите McCann ги имаат создадено некои од најпознатите и најпрепознатливите кампањи кои освоиле бројни престижни награди.
McCann Ljubljana – driven by reason, inspired by passion.