На 3 и 4 номври, Marketing mreža го организира шестото последователно издание на фестивалот на интегрирани комуникации KAKTUS 2020. Под слоганот „Unique in being different“, акцентот на фестивалот оваа година е ставен на луѓето кои работаат во адвертајзинг индустријата, без разлика дали од страната на агенциите или компаниите, кои секојдневно ја градат професијата и со своите дела оставаат трага во општеството.
Како и минатата година, KAKTUS 2020 на учесниците ќе им понуди квалитетна и разновидна програма од различни области на интегрираните комуникации, а учесниците во текот на двата дена на траење на фестивалот, ќе бидат во можност онлајн да слушаат врвни професионалци од сите краишта на светот.
Покрај вообичаената квалитетна програма, Marketing mreža со поддршка на компанијата Delta Holding, по втор пат ќе го организира и натпреварот за млади таленти од агенциите во Србија – KAKTUS Talents.
За натпреварот можат да се пријават сите млади професионалци од креативните, ПР, дигитални и медиски агенции во Србија, кои не се постари од 32 години. Оваа година, младите таленти ќе ја покажат својата креативност и иновативност во рамки на категоријата „Креативна употреба на медиумите“, односно ќе имаат задача да одговорат на бриф преку три канали на комуникација по свој избор (традиционални или онлајн).
Целта на ова натпреварување е да ги поттикне и мотивира младите луѓе во креативната индустрија, но и да му укажен на професионалната јавност за нивниот потенцијал, талент и креативност. Покрај тоа, ова натпреварување има и хуманитарен карактер, а делата и идеите кои ќе бидат креирани во рамки на натпреварот ќе бидат донирани на социјалната организација или здружение на чиј бриф натпреварувачите ќе имаат задача да одговорат.
Оваа година, жирито предводено од Тања Васојевиќ, менаџер за комуникации во компанијата Delta Holding, ќе работи во состав: Александар Ружесковиќ, директор за маркетинг во Forma Ideale; Ива Митровиќ, дигитален креативен директор во Fullhouse Ogilvy; Ивана Зековиќ, креативен директор во Saatchi&Saatchi Beograd; Лилјана Радосављевиќ, менаџер за корпоративна политика и комуникции во PepsiCo West Balkans; Марина Гриховиќ, управен директор на Headline & Dkit; Милена Џориќ Гудуриќ, маркетинг менаџер за Србија и Црна Гора во Mastercard; Милош Трипковиќ, арт директор во Kreativa New Formula an element of Alkemy; Наташа Павловиќ, директор за маркетинг во Mercator-S; Оливера Никодијевиќ, Директор за брендови и извонредност кај потрошувачите за Србија и Црна Гора во Apatinska pivara; Сандра Лазаревиќ, директор на секторот за ПР и маркетинг комуникации во Banca Intesa; Вања Вагиќ, менаџер за корпоративни работи во Mars Multisales Baltics Balkan Adriatic; Вољена Даничиќ, креативен директор во Direct Media United Solutions; и Здравко Кеврешан, соработник-креативен директор во Drive Agency.
„Во време на вака брзи промени како што се случуваат во 21 век, не можете да ги правите работите на истиот начин на кој што сте ги правеле пред 30, ниту пред 5 години. Поради тоа младите, талентирани луѓе се прашање на опстанок за еден систем, па и за една компанија. Тие носат свеж поглед на светот, нови размислувања, енергија, идеи и кога ќе им се дадат конкретни задачи, тие даваат голем придонес кон бизнисот. Потребно е исрекно да се верува во младите. А, потоа и да се направи акционен план за нивно вклучување во системот и нивно задржување во него. Проектот KAKTUS Talents работи токму на зајакнување на потенцијалот на младите во креативната индустрија и промовирање на нивните таленти,“ истакнува Тања Васојевиќ, менаџер за комуникации во компанијата Delta Holding.
Пријавувањето на тимови за натпреварот е отворено до 25 септември, преку веб-сајтот https://kaktus.rs/dan-talenata-2020/ и е целосно бесплатно.
Фестивалот KAKTUS 2020 е поддржан од преку 45 медиумски куќи од целиот регион, ако и од компаниите Mercator S, Apatinska pivara, Pepsico – Marbo Product, Frikom, Ušće Shopping Centar и Jaffa Crvenka. Златен спонзор на фестивалот е Delta Holding, сребрен спонзор е Forma Ideale, додека пак оваа година бронзен спонзор е компанијата Mastercard. Партнери на фестивалот се агенциите – Direct Media United Solutions, Ovation BBDO, Headline, Degordian, Info Media Group, Alma Quattro и DPC Group. Фестивалот е поддржан и од Nova Communications, Digital Element, Chameleon Ruma, Propix и Српската асоцијација на менаџери.