(РЕГИОН) – Marketing mreža денес го распиша конкурсот за второто по ред национално доделување на годишните награди – KAKTUS 2016. Наградите се доделуваат во 21 категорија, а ги добиваат организации,компании, институции и агенции за најквалитетни и најпрофесионални поединечни и интегрирани кампањи во изминатата година. KAKTUS 2016 ги слави само оние идеи кои излегуваат од границите на очигледното и наспроти тешките услови, инспирираат и произведуваат најефикасна комуникација со целните групи. Конкурсот е отворен до 20 септември.
За тоа кој ќе ги добие овогодинешните KAKTUS награди одлучува стручно жири кое го сочинуваат угледни професионалци од креативните, ПР и дигиталните агенции од Србија и регионот. Жирито од Србија оваа година ќе работи во состав: Ања Радуловиќ (Leo Burnett), Борислав Милјановиќ (Represent Communications), Весна Ќераниќ (Executive Group), Владимир Митровиќ (Ovation BBDO), Дејан Ранџиќ (DNA Communications), Игор Грмуша (Degordian), Иван Живковиќ (Pioniri Communications), Јанко Павловиќ (Havas Worldwide Belgrade), Леа Станковиќ (Communis DDB), Марина Гриховиќ (Headline и Dkit), Милош Илиќ(LUNA/TBWA Belgrade), Миладин Милетиќ (Popular Bruketa&Žinić OM), Милоје Секулиќ (Homepage), Мирко Мандиќ (SVA), Миро Антиќ (M2Communications), Невена Куртовиќ (Fusion Communications), Небојша Бабиќ (Orange Studio), Славиша Савиќ (New Moment New Ideas Company), Срџан Ерцег (HUGE Media), Тамара Бекчиќ (Chapter 4 PR), Тони Лауренчиќ (Idea Plus Communications), како и Владимир Ќосиќ (McCann Белград), кој и оваа година е претседател на жири комисијата.
Регионалното жири го сочинуваат: Ален Кекиќ (I TO NIJE SVE!, Хрватска), Вања Блуменшајн (Señor, Хрватска), Весна Бегановиќ (Via Media, Босна и Херцеговина), Зоран Тројар (Sonce.net, Словенија) и Оливер Новески (Brand Union, Македонија).
“Во изминатиов период реализирани се бројни занимливи и иновативни кампањи, кои сметаме дека се вредни за внимание, како за стручната, така и за пошироката јавност. Конкурсот за KAKTUS наградите е можност да измериме дали тоа се навистина идеи кои опстануваат, но и да го оцениме напредокот на струката. Очекуваме многу добри кампањи кои ќе укажат на трендовите на развој, но и на предизвиците кои ја одредуваат иднината на креативната индустрија во Србија”, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Marketing mreža.
Наградите свечено ќе бидат доделени на вториот национален Фестивал на интегрирани комуникации – KAKTUS 2016, кој ќе се одржи на 27 и 28 октомври во Белград.
Условите за конкурсот, пропозициите и категориите, како и формуларот за пријавување и Правилникот за работата на жирито, можете да го погледнете на сајтот www.kaktus.rs.