Во исчекување на второто издание на SHOWTIME – единствената конференција во Македонија, за трендови во евент индустријата, која ќе се одржи на 30ти мај, во Skopje Marriott Hotel, покрај исклучителните интернационални говорници, ви споделуваме уште една причина поради која не смеете да ја пропуштите оваа конференција – Showtime Awards!
Showtime Awards е можност за сите големи и мали компании, маркетинг агенции, организации, здруженија, друштва и инстутции, да аплицираат со своите настани кои ги организирале во периодот од мај 2016та до мај 2017та. Апликациите се отворени за 12 категории, а еден субјект може да аплицира и со повеќе од еден настан.
Селекцијата и изборот на победниците во сите категории, ќе го споведете стучното интернационално жири, што значи дека ова истовремено е прилика да стекнете и интернационално признание за вашите реализирани настани и проекти.
А кои се имињата, од кои се’ компании доаѓаат и кои се’ проекти се вбројани во нивните портфолија, прочитајте подолу.
Hans Etman
Ко-сопственикот на компанијата/ агенцијата Masters in moderation, која нуди врвни услуги за модерирање и организирање на настани, со тим од професионални, сертифицирани модератори, освен во улога на говорник за време на својата сесија, посетителите на Showtime 2017 ќе имаат можност да го следат и како модератор за време на конференцијата.
Помеѓу бројните конференции и настани кои ги модерирале модераторите од Masters in moderation, се вбројуваат и клиентите како European Union, Rabobank, ICCA, WWF, the Olympic Committee, Philips, Microsoft, DSM, Oracle, Symantec, Schiphol, MPI, Deloitte, The Associations Congress, ABN AMRO, Volvo, TNO.
Jens Oliver Mayer
Лидер во дигиталниот маркетинг, кој низ својата кариера им помогнал и им овозможил на мноштво светски брендови, со своите производи и услуги да допрат до вистинските клиенти на вистинскиот начин. Со повеќе од 20 годишна кариера, Јенс е маркетинг експерт, чија пасија е спојот на дигиталниот маркетинг и настаните во живо. Во моментов ги води канцелариите на Jack Morton во Германија, а во своето резиме се вбројани и искуствата како Генерален директор во компаниите Informa Business Communication и IVBC. Во неговото богато портфолио се вбројуваат клиентите како Accenture, BMW, KPMG, Dell, Intel, Esprit, Hugo Boss, Ikea, Frankfurter Allgemeine Zeitung, Hamburg@work и Министерствот за надворешни работи на Германија.
Anne Roelandt
Креативниот ум кој стои зад мноштвото наградени проекти и настани со престижни признанија е и Генерален партнер и потпретседател на Luc Petit CREATION. Со својата исклучителна пасија кон театарот, магијатна на вистинските шоуа, забавата, циркусот и уличниот театар, Ан е одговорна за менаџирањето и уметничката продукција на проектите. Во нејзиното импресивно резиме се вбројуваат проектите како DECROCHER LA LUNE за Franco DRAGONE, BESIX, AMWAY CHINA, Telenet, METINVEST за FILMMASTER GROUP и арена шоуто PETER PAN , , « Discovery of a new world » во Харбин. Проектот « Texas Aggies go to war » е награден со престижната награда « Trophée
de l’Evénement Exceptionnel » во Кан, шоуто INFERNO, по повод 20 годишнината од Битката кај Ватерло е наградено со 8 награди на European Best Event Award 2015, додека Décrocher la lune VI е наградено со 4 награди на EUBEA (European Best Event Awards) во Санкт Петербург, во 2016та.
Mary Kirillova
Таа е член на бордот на директори на Baltiski Aljans OU и има организирано многу настани во Русија, Европа и Балтичките земји, за руски и европски клиенти, како Gazprom, Lukoil, Govenrment of St.Petersburg, Russian Federal Notary Chamber, St. Petersburg State University, PracticePanther Law, Sberbank, Deloitte, Audi motors etc. Меѓу другото, од 2015та Мери е ко-основач и главен уредник на повеќе интернационални магазини за настани, а во 2016та, таа ја лансираше првата веб страна – Eventcv.com за вработувања и огласи за организатори на настани. Истата година таа го статруваше првиот Baltic For Events форум – balticforevents.com – организиран за агенции за организација на настани и клиенти од Балтичките земји. Таа е основачот на bestbalticevents.com и магазинот goteatr.com.
Branimir Karacic
Бранимир е главен извршен директор на full service маркетинг агенцијата ENVY, со седишта во Загреб, Хрватска и Франкфурт, Германија. Маркетинг агенцијата ENVY е специјализирана за изготвување на креативни решенија од областа на дигиталниот маркетинг, адвертајзингот и брендирањето. Покрај менаџирањето на секојдневните активности и носењето одлуки, Бранимир е одговорен и за развивање на стратегии за клучните клиенти. Помеѓу неговите најзначајни проекти и клиенти се целосната дигитална кампања за пивото Karlovačko, Audi A4 market launch и Audi Virtual corner – Auto show 2016.
Lucia Cerchlanova
Лусиа е менаџер за развој во Sli.do – алатката за интеракција со публиката со Q&A во живо, анкети, прашалници и споделување на слајдови, која има освојувано и награди! Таа е во постојана потрага по иновативни можности, преку кои им помага на бизнисите да ги претворат своите состаноци во динамични доживувања, каде комуникацијата е на први место и секој има можност да изнесе свој став. Од нејзиното искуство со Министерството за економија на Словачка Република, ја истакнува важноста од консултирањето при имплементирањето на нови технологии кај бизнисите.
Dr James Morgan
Професорот Морган е во маркетинг и евент индустријата уште од 1989 година. Тој е искусен предавач во областа на настаните на University of Westminster во Лондон и е основач на Event Tech Lab, заедница за start-up-и за евент технологии, развивачи, евент професионалци и инвеститори. Како ценет говорник, писател и коментатор во евент индустријата, професор Морган честопати е дел од жиријата на интернационални награди и признанија. Негова пасија е и постојаното едуцирање на идни професионалци во индустријата, секогаш инсистирајќи на високи стандарди и професионализам во евент индустријата.
Christopher Werth
Во 2015та година, Кристофер го прифаќа предизвикот да работи за VOK DAMS – една од водечките интернационални агенции за настани и маркетинг. Пред VOK DAMS, тој не само што развивал концепти за агенции како Springer & Jacoby, Jung von Matt or Scholz & Friends, туку исто така режирал и пишувал за најпознатите театри во Германија. Како Директор за стратегии и концепт, тој е одговорен за развојот на иновативни live кампањи за клучните клиенти на агенцијата. За својата работа, тој има добиено повеќе национални и интернационални награди и признанија и смета дека “раскажувањето приказна” – како дигитално, така и во живо – со силен фокус на мобилната технологија, со цел да се обезбеди висока вредност во прераскажувањето на искуството и пренесувањето на информацијата, е гаранција за успешни кампањи.
За повеќе информации следете ја фан страната на Showtime и побрзајте да го резервирате вашето место тука.
#showtimemk