Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ отвори повик за учество и за волонтери за претстојното 10. јубилејно издание на омилениот фестивал на младите, што ќе се одржи од 5 до 10 октомври во октомври. На повикот може да се пријават ученици од шесто одделение до четврта година средно образование. Местата се ограничени, а учеството на фестивалот е бесплатно.
Учесниците ќе бидат поделени во три категории:
ЈУНИОРИ (од 6. до 9. одделение),
КАДЕТИ (1. и 2. година средно училиште)
СЕНИОРИ (3. и 4. година средно училиште).
Повикот за пријавување е достапен на следниот линк: https://linktr.ee/giffoni.macedonia
„Џифони Македонија“ е во потрага и по волонтери, ентузијасти (18+) кои би сакале да се приклучат на десеттото издание и да бидат дел од тимот на фестивалот.
По две години пауза, во меѓународното жири повторно ќе се вклучат над триесет млади учесници од неколку европски земји, а предвидени се и гостувања на реномирани домашни и странски уметници и многу интересни изненадувања.
Програмата предвидува шест дена исполнети со филмови, уметност, креативност, музика, дружба и радост за над 600 ученици од основните и средните училишта, бројни гости, соработници и пријатели од цела Европа!
Јубилејното издание на „Џифони Македонија“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Северна Македонија.
Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Министерството за култура на Северна Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот културен центар и Кинотеката.