Меѓународниот фестивал на креативност White Square, познат и признат во професионалната заедница ширум светот, ја отвори раната фаза на повикот за пријавување на креативни проекти.
Крајниот рок за раното early-bird пријавување е 22 декември 2023 година
На фестивалот годишно учествуваат повеќе од 1000 проекти од над 35 земји, вклучувајќи редовни учесници од Европа, Евроазија, Блискиот Исток, Пацифичка Азија, Северна Африка, Северна Америка и Латинска Америка. Секоја година бројот на учесници се зголемува, а пријавените проекти демонстрираат иновативни решенија и идеи.
Учеството на фестивалот им дава можност и на големите агенциски мрежи и на локалните независни агенции да бидат наградени од професионалци од светска класа. Покрај признанијата и наградите, проектите на победниците на фестивалот White Square секоја година добиваат и широка ПР поддршка од бројни индустриски медиуми од целиот свет. Публикациите ги промовираат најдобрите идеи на агенциите и брендовите меѓу интернационалната заедница на креативни индустрии.
Крајниот рок за пријавување е 3 мај 2024 година, и тоа онлајн преку официјалниот веб-сајт на фестивалот, во 243 категории групирани во осум натпреварувачки групи:
- CREATIVE
- BRANDING
- MARKETING SERVICES
- MARKETING EFFECTIVENESS
- DIGITAL
- MEDIA
- CRAFT
- MASS MEDIA CONTEST
Главните критериуми за оценување на пријавените проекти ќе бидат креативноста на идејата и нејзината реализација, како и ефективноста во соодветните номинации. Проектите поднесени во општествено-одговорните категории ќе бидат оценети и за нивното значење за општеството, менувањето на животната средина и воопшто светот на подобро.
Жирито на фестивалот White Square 2024 ќе го сочинуваат некои од најсветлите креативни и комуникациски умови од целиот свет, кои имаат освоено бројни награди и имаат искуство во жирирањето на престижни меѓународни фестивали за комуникациска креативност и ефективност. Членовите на жирито на фестивалот White Square секоја година го нотираат високото ниво на пријавените кампањи и важноста од учеството на фестивалите, бидејќи тие не само што ја промовираат креативноста како индустрија, туку и ги инспирираат и мотивираат креативците да произведуваат подобри и подобри проекти.
Фестивалот White Square, промовирајќи ја креативноста, високо ги цени идеите и луѓето во индустријата. Фестивалот ги споделува принципите на општествено одговорниот маркетинг, мирот и ги брани универзалните човечки вредности.
Дознајте повеќе и пријавете ги вашите креативни проекти преку официјалната веб-страница на фестивалот.